Abbey Dawn

Abbey Dawn е линија на облеки дизајнирана од канадската музичарка, Аврил Лавињ и се продава исклучително во модната куќа "Kohl" во САД.[1] Името доаѓа од детството на Аврил Лавињ, кога татко ѝ ја викал "Abbey Dawn", а нејзините пријатели од средно училиште ја викале "Abbey". Линијата била опишана како "животен бренд на помладите". Од декември, 2010 линијата вклучувала и машки алишта, на кои влијаеле нејзините браќа и членовите на нејзината група. Алиштата за девојките е инспирирана од панк стилот на Аврил и како што се подобрувал квалитетот на алиштата така алиштата сè повеќе и повеќе поскапувале. Продавница за Abbey Dawn се наоѓа и во музичкото видео за "What the Hell" во 2011 година.

  1. Abbey Dawn

Developed by StudentB